НЛБ Тутунска банка воведе нов станбен кредит со поповолни услови

21

nlb

НЛБ Тутунска банка воведе нов станбен кредит со поповолни услови и каматна стапка од 5% фиксна за првите пет години на користење на кредитот, информираат од банката.

Исто така, продолжена е важноста на промотивниот Виолетов потрошувачки кредит со каматна стапка од само 6,2% фиксна за првата година на користење,

Банката во периодот од 01.11.2014 до 31.12.2014 година, ќе води промотивна кампања за кредити во рамките на која сите апликации за потрошувачки и станбени кредити ќе се одобруваат без манипулативни трошоци и без трошоци за проценка за станбените кредити.

Воедно, согласно промените во монетарната политика, банката ги намали и каматните стапки на депозитните продукти за физички лица и тоа од 0,03% до 0,5% за денарските депозити и од 0,03% до 0,2% за депозитите во еур. Новите каматни стапки на депозитните продукти се однесуваат на сите постојни и новосклучени договори за депозити.