НЛБ Тутунска банка започна со продажба на осигурителни полиси

69

nlb

НЛБ Тутунска банка е прва банка која започна со продажба на полиси за неживотно осигурување, како застапник на Сава Осигурување, се вели во соопштението на банката.

Со ова, НЛБ Тутунска банка покрај редовните банкарски услуги, ја проширува својата понуда и со осигурителни услуги.

Отсега сите клиенти, физички и правни лица, ќе можат да купат полиса за осигурување во експозитурите на банката и тоа: патничко осигурување, автомобилска одговорност, каско осигурување, зелен картон, домаќинско осигурување, осигурување на имот, осигурување од незгода и сите останати типови на неживотно осигурување.