Старт-ап компанијата од Естонија, Nobe, го претстави својот најнов модел со ретро изглед кој го добива името Nobe 500
Естонската старт-ап компанија Nobe го претстави својот најнов електричен модел инспириран од минатото. Станува збор за моделот Nobe 500 кој е мал пикап камионет со карбонска шасија и целосно електричен погон кој треба да дебитира следното лето.
Првите фотографии од Nobe 500 се појавија на официјалната Facebook страница на компанијата кон почетокот на 2021 година, но повеќе информации околу овој модел се појавија сега. Од фотографиите, јасно е дека дизајнот е инспириран од класичната Ford F серија. Заоблената хауба, хромираните елементи, белите гуми и прекрасно дизајнираните предни и задни крила го прават овој електричен Nobe пикап да изгледа како прекрасен минијатурен камионет од 50-тите години на минатиот век. Моделот доаѓа и со дрвена екстензија за задниот дел.
Во кабината наместо индивидуални седишта се наоѓа клупа, но веројатно е наменета само за двајца патници. Фотографии од ентериерот не се објавени, но најверојатно ќе го споделува дизајнот со претходниот модел на компанијата, Noble 100GT, заедно со аналогни инструменти и голем управувач.
Кога станува збор за погонот, овој модел најверојатно ќе го добие електромоторот со 98 КС кој забрзува од 0 до 60 милји на час (0-96 км/ч) за помалку од 6 секунди. Исто така би можел да ја наследи и истата 25 kWh батерија која на 100GT му овозможува да помине 257 километри со едно полнење. L’Automobile најавува дека пикапот на Nobe би можел да добие и подесувачки воздушен систем на потпирање.
Според некои најави, Nobe 100GT ќе има цена од околу 21.500 евра, додека пикап моделот Nobe 500 би требало да биде нешто поскап, со оглед на тоа дека е класифициран како легален патнички автомобил.
Преземено од Avtoplus.mk