NodPod – перниче за поудобен сон додека патувате

26

head-hammock-nodpod-sleep-travel-pillow-aeroplane-6Пола Бленкеншип, дизајнер на ентериери од Кентаки, САД, креираше перниче за спиење во исправена положба. По многуте обиди и самата да најде добра позиција за спиење во авион, автомобил и слично, конечно, по неколку изработени перници, го создала NodPod којшто овозможува удобен сон под агол од 90 степени.

Со тоа веќе не мора да се грижите за вкочанет врат и болки во телото од навалената глава на седиштето. Перничето е креирано така што не го покрива екранот на патникот зад вас во авионот и не мора да се грижите дека на некому ќе му пречи.

Пола има своја кампања на платформата Kickstarter каде досега има собрано над 112.000 долари од првично побараните 20.000. Цената за еден NodPod моментално изнесува 25 долари, а од следниот месец се очекува производот да се најде на пазарот.