Nokia 9 PureView – смартфон со пет задни камери

45

Фото: Nokia

Најновиот телефон на Nokia има пет задни камери и е првиот смартфон во светот со вакви перформанси, пишува Dezeen.

Финската компанија HMD Global, којашто е сопственик на брендот Nokia, го претстави паметниот телефон Nokia 9 PureView на Светскиот конгрес за мобилна технологија во Барселона.

Уредот има низа од пет леќи наредени во форма на шестоаголник на задниот дел. Петте камери се од 12 мегапиксели и корисникот истовремено фотографира со сите. На овој начин се добива многу подетална фотографија споредена со фотографиите од конкурентските смартфони.

Nokia 9 PureView има специјални Zeiss леќи со технологија направена од страна на американската компанија Light, којашто претходно ја произведе компактната камера со 16 леќи наречена L16.