Номинален пораст на бруто додадената вредност во земјоделството

41

Според податоците на Државниот завод за статистика, бруто-додадената вредност во земјоделството во 2018 година изнесува 53.389 милиони денари и во однос на 2017 година бележи номинален пораст од 18,9%.

Растителното производство во 2018 година, кое учествува со 69,8% во вкупното производство, бележи пораст од 22,9% во однос на 2017 година. Вредноста на добиточното производство, кое учествува со 20,9% во вкупното производство, опадна за 1,1% во однос на 2017 година.

Меѓуфазната потрошувачка, во 2018 година, бележи пораст од 8,4% во однос на 2017 година. Номиналниот доход во земјоделството од производните фактори, по работна единица, во 2018 година бележи пораст од 8,4%, додека реалниот доход од производните фактори бележи пораст од 9,5%.

Фoто: Pixabay