Нордик леб со овесни снегулки – најнов производ на Жито Лукс

190

Nordik - Zito Luks

Жито Лукс ја прошири својата палета на производи со лансирањето во продажба на лебот наречен Нордик. Последниот новитет од компанијата се придружи на семејството Грахам и Баварски, пченични лебови на парчиња со додадено интегрално брашно,со долготрајна свежина, а без употреба на конзерванси.

Новиот леб Нордик е приготвен од пченично и интегрално пченично брашно, со додадени овесни снегулки кои освен што претставуваат одличен извор на диететски влакна и минерали, дополнително го збогатуваат вкусот. Лебот Нордик е достапен на парчиња во едноставно и практично пакување, што овозможува продолжена свежина до седум дена. Рокот на траење од седум дена е постигнат и со помош на иновативната технологија на пастеризација на леб, што само Жито Лукс ја практикува.

Со лансирањето на новиот, несекојдневен вкус на леб, компанијата уште повеќе ја зголемува понудата на производи, ги задоволува барањата за нови вкусови на консументите и ги следи новите светските трендови во делот на иновативноста.