Noria – иновативен, едноставен и тивок ѕиден клима уред

135

noria

Noria е првиот ѕиден клима уред што има едноставен и функционален дизајн, голема ефикасност и паметни функции, што ја олеснуваат неговата употреба.

Ѕидните клима уреди се користат во последните 60 години, но се почесто се одбегнуваат поради нивната намалена функционалност, како и поради тоа што зафаќаат многу простор, создаваат врева и потребно е време за нивно монтирање.

noria 1

Noria има практичен изглед и многу лесно и едноставно се поставува на посакуваното место во домот. Овој ѕиден клима уред може да се контролира преку далечински управувач и апликација за мобилен уред.

Нуди опција и за циркулација на свеж воздух во просторијата што како опција не го нуди централната климатизација.

noria 2

Бидејќи поставувањето на овој вид на клима уреди досега беше комплицирано, Noria оди еден чекор напред и го олеснува поставувањето. Дизајнирана е специјална рамка што обезбедува безбедно и лесно поставување на клима уредот на прозорецот, како и лесно вадење доколку нема потреба.

Зад дизајнот на овој иновативен клима уред стои Noria Home, старт – ап од САД, којшто постои од 2012 година.

На глобалната платформа за групно финансирање, Kickstarter, Noria ќе се обиде да собере поддршка од 250.000 долари.

noria 3

noria 4