Норвешка ја стартува првата компанија во светот за производство на автономни бродови

124

Фото: km.kongsberg

Норвешките водечки компании за бродски сообраќај Wilhelmsen и Kongsberg со здружени сили ќе создаваат ланец на автономни бродови, пишува Maritime journal.

Името на новата компанија којшто ќе ги произведува овие бродови е Massterly, а флотата ќе оперира целосно самостојно. Освен тоа Massterly ќе нуди и напредни логистички решенија, модерен дизајн и врвна ефикасност на услугата.

Според двата гиганта трошоците ќе бидат намалени, а бродовите ќе можат да се користат од страна на сите компании коишто имаат потреба од поморски транспорт.

Автономните бродови ќе се контролираат со помош на контролни станици сместени во Норвешка и во повеќе светски земји.

Норвешка, како светски лидер во поморскиот сообраќај во 2017 го најави првиот целосно електричен брод наречен Yara Birkeland, којшто според плановите до 2020 година треба самостојно да заплови.