Норвешка ќе го добие првиот подводен ресторан во Европа

41

6d1fd86be967b82c4284642a2f7f85ed_800wАрхитектонското студио Snøhetta го дизајнираше првиот подводен ресторан во Европа, што е планирано да се наоѓа на најјужната точка на норвешкото крајбрежје близу селото Бали. Ресторанот ќе функционира и како истражувачки центар за морскиот живот. Градбата ќе го носи името Under што на норвешки значи “чудо”. Ресторанот ќе биде до половина потопен во вода, односно на пет метри длабочина, а останатиот дел ќе лежи на карпестиот брег.

32f5cf04f78cf24b6c437a1a7d813f54_2048w

Неговите бетонски ѕидови ќе бидат широки еден метар со цел да може да ги издржи евентуалните морски бури, а ќе сместува до 100 гости. По патеката којашто ќе ги води гостите до влезот на ресторанот ќе бидат поставени плакети со разни информации во врска со разновидниот био свет и норвешкиот брег.

da6229585f7066b91813162bb6ad7d81_2048w

Градбата ќе биде на три нивоа. Од влезот гостите ќе се движат кон гардеробата, а едно ниво подолу ќе биде шампањ барот, којшто е премин од брегот кон океанот. Во овој дел ќе има тесен акрилен прозорец којшто ќе се протега вертикално низ нивоата на ресторанот. Од барот гостите ќе можат да го гледаат морското дно и третото ниво каде ќе бидат поставени две долги маси и неколку помали покрај голем прозорец со панорамски поглед.

Фото: Snøhetta