Норвешка ќе го добие првиот тунел за бродови во светот

41

tunel-za-brodovi

Фото: The Norwegian coastal administration

Норвешка ќе биде прва земја во светот што ќе добие тунел за бродови. Властите во оваа скандинавска земја го одобрија проектот за изградба на тунел преку којшто бродовите ќе можат да се движат низ планината, наместо да се движат низ опасните води околу полуостровот Стад, пишува Global construction review.

Тунелот ќе биде 1,7 километри долг, а широк 26,5 метри. Дневно се очекува низ овој тунел да поминуваат од 70 до 120 бродови.

На тој начин ќе се олесни пловењето во овој дел, бидејќи тука се вкрстуваат Северното и Норвешкото море, со што се создаваат големи бранови и силни ветришта.

Изградбата на овој тунел се проектира на 272 милиони долари и е дел од Националниот транспортен план на Норвешка.