Норвешка мора да почне да ги оданочува луксузните електрични автомобили за да ги намали вкупните трошоци од големата поддршка за купување на електрични возила, сметаат економисти од Меѓународниот монетарен фонд.
Норвешка сака да стане прва земја во светот што до 2025 година ќе ја забрани продажбата на бензински и дизел автомобили и од таа причина ги ослободува од данок сите електрични возила. Таквата даночна политика даде резултат бидејќи минатата година од вкупната продажба, 54% отпаѓа на електрични автомобили, што претставува нов светски рекорд. Во текот на 2019 година, нивниот удел во продажбата изнесуваше 42%, а пред 10 години само 1%.
Даночните олеснувања за електрични автомобили носат и големи трошоци во буџетот, што владејачката коалција на десниот центар ги проценува на 2,32 милијарди долари изгубени приходи во 2020 година.
Колку се поскапи автомобилите, толку и данокот на промет од којшто државата се откажува е поголем, а тоа значи дека се субвенционираат и домаќинства со високи приходи.
Фото: Freepik