Норвешка постигна трговски суфицит благодарение на зголемените цени на гасот

71

Во август Норвешка постигна трговски суфицит во стоковната размена со светот од рекордни 197,7 милијарди норвешки круни или 19,54 милијарди долари, пред се благодарение на скокот на цените на гасот, покажаа најновите статистички податоци.

Со дневно производство од околу четири милиони барели нафтен еквивалент, речиси подеднакво поделено на нафта и гас, Норвешка е меѓу победниците во услови на силен раст на цените на енергијата на светските пазари, пренесува агенцијата Мина.

Суфицитот во размената на оваа земја со светот во август бил неколкукратно поголем од истиот месец лани, бидејќи извозот пораснал многу посилен од увозот, покажуваат официјалните статистички податоци.

Извозот беше речиси два ипол пати поголем, достигнувајќи 287,8 милијарди норвешки круни. На месечно ниво порасна за една четвртина.

Увозот е зголемен за 21,6 отсто на годишно ниво, на 90,2 милијарди норвешки круни и сличен процент во однос на јули.

Трговскиот суфицит на тој начин достигна 197,7 милијарди норвешки круни или 19,56 милијарди долари и е речиси четири и пол пати поголем од август минатата година. Во однос на претходниот месец е зголемен за 29 отсто.

Растот на извозот главно беше поттикнат од скокот на испораките на природен гас, кои во вредност од 176,4 милијарди норвешки круни учествуваа со 61 отсто од вкупниот извоз и беа четири и пол пати повисоки од истиот месец лани. Во однос на јули се зголемени за 37,3 отсто.

Извозот на сурова нафта се зголеми за речиси една третина во однос на август минатата година, достигнувајќи вредност од 46 милијарди норвешки круни.

По значително намалените испораки од Русија, Норвешка стана најголемиот снабдувач на гас во Европа и во моментов преговара со Брисел за ограничувањата на цените.