Норвешка вложува илјада милијарди во борба против корупцијата

27

corruption-580x580Фото: Pexels

Норвешка ќе издвои илјада милијарди долари од својот фонд и ќе ги инвестира во 9.100 компании за да ја спречи борбата со корупцијата. Предуслов за фирмите да ги добијат овие пари е веќе да имаат имплементирано антикорупциски политики и процедури на спречување и решавање на корупцијата со чија што содржина се запознаени и вработените, пренесува Reuters.

Парите за оваа мисија се обезбедени од производството на нафта и гас во Норвешка, а ќе бидат инвестирани во над девет илјади компании и тоа не само во Норвешка, туку и во светот.

Во Скандинавија важи правилото дека секоја компанија треба да има механизам за известување за потенцијални случаи на корупција и тоа не секогаш треба да биде преку менаџерот како канал, туку, преку лица вработени за таа намена, со цел сведоците на коруптивното дејство да останат анонимни.

Според законот, забрането е да се инвестира само во компании што произведуваат нуклеарни оружја или се вклучени во сериозни и систематски прекршувања на човековите права.