Норвешка за две години го гаси FM радиото

49

fm radio

За две години Норвешка во целост ќе ги исклучи националните FM мрежи, со што ќе премине кон дигитално радио, пишува норвешкиот портал Radio.no.

Овој процес ќе започне најпрво во северниот дел на земјата, а потоа и во останатите региони.

Тамошното министерство за култура соопшти дека со исклучување на националните FM мрежи целосно ќе заврши транзицијата кон дигиталното радио. Со ова, Норвешка ќе биде прва земја во светот што целосно ќе го исклучи аналогниот сигнал на сите поголеми радио канали. Преку дигитализација на радиото, слушателите ќе имаат поголем избор на канали и пристап до разновидни содржини.

“Ова е исклучително важно за сите кои го сакаат и почитуваат радиото. Одлуката на министерството ќе ни овозможи да ги фокусираме сите наши ресурси кон создавање на висок квалитет и богата програма за различните вкусови на нашите слушатели“, вели Гермунд Ериксен, директор на радио станицата NRK.