Норвежаните НОРМАК најавуваат големи странски фирми во ТИРЗ Тетово

84

TIRZ TetovoТимот од НОРМАК Инвестмен Груп, норвешка компанија која најверојатно ќе раководи со индустриската зона во Тетово по принципот на јавно приватно партнерство, пристигна во Македонија.

Се уште е рано да се каже какви проекти ќе бидат реализирани, но се очекува во зоната да дојдат големи странски производни компании. Најмалку една година ќе треба да се чека за старт на конкретна инвестиција, затоа што ќе потраат предвидените активности околу подготовките.

“Уште е рано да се соопштат детали како и во кој правец ќе се развива индустриската зона, но извесно е дека тука ќе дојдат големи странски фирми кои се занимаваат со производство. Ние веќе соработуваме со голем дел од нив и знаеме дека бараат добри услови. Тие ја гледаат Македонија како земја која тоа може да им го понуди”, истакна Ерик Вел Ватме од Иновација, Норвешка, државна компанија која реализира соработка со приватниот сектор.

Во индустриската зона Тетово веднаш ќе почнат подготовките во делот на инфраструктурата по што, најавија од норвешката компанија, ќе следува потпишувањето на договорите со заинтересираните вложувачи, разгледувањето на нивните бизнис планови и обезбедување на потребните дозволи за градба.