Noun – револуционерен стаклен тостер

43

bugatti-noun-toaster1

Италијанската компанија Bugatti го претстави својот револуционерен стаклен тостер, кој со својата напредна технологија и дизајн ги надминува сите останати тостери произведени досега.

Тостерот, наречен Noun, може да испече буквално се, од кришка леб, до стек и ракчиња.

bugatti-toast1-2

Според Клементе Бугати, кој е моментално четвртата генерација на чело на компанијата, тајната на овој тостер е во тоа што има слој на полупроводнички елементи за греење – технологија за која на Bugatti и требаа повеќе од две години за да ја создаде.

bugatti-shrimp1

Освен рачно, тостерот може да се активира и со смартфон апликација, при што се пребаруваат рецепти на интернет и преку Bluetooth конекција директно се испраќа времето и потребната температура до тостерот.

Кога храната е готова, не “скокнува” како што вообичаено се очекува, туку моторизиран лифт полека ја носи на површината.