Нов Битолски густ јогурт

61

 

gust-jogurt-all

Традиционалниот македонски јогурт од денес е уште погуст. Новиот Битолски густ јогурт е оригинален спој на традиционалниот вкус на Битолски јогурт, млеко со врвен квалитет и домашна рецептура со којашто се постигнува зголемената густина, стои во соопштението.

Битолскиот густ јогурт има исклучителна крем – структура и интензивен вкус којшто ќе ги израдува сите гурмани и хедонисти. Зголемената густина овозможува интензивно уживање и дава чувство на ситост и исполнетост. Одличен е во комбинација со традиционалните печива, пити, но и со разни други видови храна со кои се надополнува.

“Битолскиот густ јогурт е оригинален спој на традиционален вкус, домашна рецептура и умешност на нашите врвни технолози. Уште со првата голтка можете да ја почувствувате неговата нова интензивна густина во комбинација со препознатливиот вкус на Битолскиот јогурт. Новиот јогурт на Бимилк е здрава, многу хранлива и квалитетна ужина во комбинација со вашата омилена храна. Сигурни сме дека Битолскиот густ јогурт ќе стане неизоставен дел од секоја трпеза“, изјави Полексена Јанкуловска, маркетинг менаџер на Млекара АД Битола.

Новиот Битолски густ јогурт доаѓа во ново практично ПЕТ – пакување од 1,5 кг, 1 кг, 500 г, 250 г за употреба во различни пригоди, а ПЕТ – пакувањето овозможува јогуртот да ја задржи својата свежина и неколку денови по неговото отворање.