Нов бизнис – сауна на тркала што доаѓа на домашна адреса

96

Руси направиле мобилна сауна на тркала којашто клиентите може да ја изнајмат т.е. им доаѓа на домашна адреса.

Компанијата Mobitruck, којашто се занимава со подготовка на брза храна во камионети, направила прототип на мобилна сауна којашто ја промовирале со возење во главниот град.

Позната и под називот бања, традиционалната руска сауна е популарна и многу Руси редовно го поминуваат секое попладне таму дружејќи се со пријателите. Камионот содржи комора со ложиште за дрва, парна бања со дрвени панели, баде мантили, крпи и папучи.

Изнајмувањето на сауната за еден ден чини 1.420 долари, а во цената е вклучено и лице кое ќе ги служи и масира.

Mobitruck, исто така, ќе ги продава сауните на тркала по цена од 50.000 до 80.000 евра, во зависност од специфичностите со кои возилото располага.

“Имаме многу нарачки за изнајмување на сауната. Многу луѓе се заинтересирани за купување на ваква сауна“, вели Кабиров.

Фото: Pixabay