Нов бизнис: Жителите на Њујорк добија сервис за изнајмување чадори

86

cadoriЖителите на Њујорк важат за луѓе кои се постојано во движење и немаат многу време за непријатности.

Поради нивната практична страна, не секогаш со себе носат чадор, па затоа една стартап бизнис идеја може да им помогне кога им е најпотребно.

“Brella Box им нуди решение на Њујорчани така што на неколку стратешки позиции ќе можат да си изнајмат чадор доколку дождот ги изненади”, пренесува Wall Street Journal.

Првичната идеја е да се распоредат 500 кутии низ градот, кои што ќе им овозможат на луѓето да изнајмат чадор за 2,5 долари за 12 часа или да си купат за 15 долари.

Според основачите на ‘Brella Box, она по што ќе бидат поразлични од конкуренцијата е квалитетот на нивните чадори.

Откако ќе се искористат, чадорите може да се вратат на посебно одбележани места.