
Стопанска банка АД – Скопје преку Македонската берза ја информираше инвеститорската и бизнис јавноста за нови измени во органите на управување, согласно обврските од Глава 6 од Правилата за котација.
Согласно одлуката за именување донесена од страна на Надзорниот одбор и добиената согласност односно Решението на Извршниот одбор на Народна банка на Република Северна Македонија, Владимир Тренески повторно се именува за Генерален директор за корпоративно банкарство и член на Управен одбор на Банката со мандат од 4 години.












