Нов индекс на берзата во Тел Авив за компании што се занимаваат со медицински канабис

57

Берзата во Тел Авив воеден нов индекс, составен од акции на девет компании што се занимаваат со истражување и производство канабис за медицински цели.

Новиот индекс ги вклучува компаниите што котираат на берза, а се занимаваат со “истражување, одгледување, продажба или производство и дистрибуција на медицински производи од канабис“, соопштуваат од тамошната берза.

Индексот има релативно мала пазарна вредност од околу пола милијарда долари и е воведен со цел да се укаже на новите трендови. Исто така, треба да послужи како “референтна вредност на активни мешовити фондови коишто нудат можности за вложување во нови и брзорастечки сектори“, стои во соопштението.

Израел е водечка земја во светот по истражување на канабисот, а владата оваа година одобри и извоз на медицински канабис, за којшто се очекува да донесе стотици милиони долари приходи.

Фото: Freepik