Нов Instagram “полариод” наскоро на пазарот

18

Socialmatic-Instant-CameraСледната година на пазарот се очекува нов дигитален фотоапарат кој ќе им овозможи на корисниците истовремено да ги принтаат фотографиите и да ги споделуваат на Facebook и Twitter.

Како производ на Socialmatic, овој дигитален апарат ќе има wi-fi, 3G и Bluetooth, заедно со 4.3 инчен екран на допир.

Полароидот ќе има 16GB меморија и место за дополнителни 32GB преку SD мемориски слот. Тој исто така ќе ги интегрира и ќе биде синхронизиран со апликациите на Instagram и Facebook.

Во него ќе биде вграден Zink Printer, што значи дека како добриот стар полароид, ќе може да направи копија од било која фотографија.

Компанијата Socialmatic потпишаа договор со Polaroid во кој се вклучени брендот и изгледот на производот и се надева дека во следната година љубителите на инстаграм фотографиите ќе направат долги редици пред продавниците.