Нов Клинички центар за 70 милиони евра

47

nov-klinicki Пред старата зграда на Клиниката за гинекологија и акушерство, денеска ќе биде означен почетокот на градежните работи на новиот Клинички центар.
Објектот ќе биде изграден на местото на старата зграда на Универзитетската клинка за гинекологија, каде е започнато нејзиното уривање кое треба да заврши за најмногу три месеци.
Објектот е предвидено од едната страна да се спојува со клиниките за хирургија, од другата страна со новата зграда на Гинекологија, а додека пак од задната страна со зградата на Онкологија.
Предвидено е во зградата да бидат сместени сите клиники, освен Клиниката за инфективни болести, која ќе биде посебно сместена во сопствената зграда, Клиниката за детски болести, која ќе биде споена со Клиниката за детска хирургија, како и Стоматологија и Максилофацијална хирургија кои ќе останат во постојните згради.
Покрај изградбата на новиот клинички блок, предвидено е и реновирање на објектот на хируршките клиники со адаптирање на хоспиталниот дел со болнички соби со сопствени санитарни јазли, адаптирање на испразнетите простории со преселувањето на Ургнетниот центар во новиот блок, хоспиталниот блок на клиниките на трауматологија, ортопедија и неврохирургија во новиот блок, целата Клиника на детска хирургија во објектот на Детска клиника и адаптирање на ослободениот простор за потребите на кабинетски простор за лекарите и комплетно реновирање на целиот објект.
Целиот проект е предвидено да чини 70 милиони евра, пари кои се обезбедени од Банката на Советот на Европа. Изградбата на објектот е предвидено да трае три години.