Нов концепт на продавници на Дојче Телеком за прв пат во Македонија

46

tom_0591

Македонски Телеком стартува со нов концепт на продавници на Дојче Телеком за прв пат во Македонија со продавницата во City Mall во Скопје. Новиот концепт освен уреди и услуги нуди и социјализација, забава, мултимедијално искуство и персонален пристап кон секој корисник, стои во соопштението.

Се состои од три области: изложбен простор со уреди и услуги, зона за гејминг и забава и кафе бар. Зоната за гејминг и забава е уредена како дневна соба во којашто корисниците ќе можат да уживаат во користење на напредни услуги и решенија и да се забавуваат. Кај уредите и услугите, новина е што ќе има и катче за лични консултации.

Во продавницата има и зелен еко ѕид, за прв пат во продавниците на Дојче Телеком. Ѕидот, освен декоративна, ќе има и практична функција, односно ќе служи за природно прочистување на воздухот.

“Веќе не е доволно да се понудат само услуги и сервиси. Навиките и очекувањата на корисниците се менуваат, еволуираат, а ние одиме чекор понатаму за да одговориме на тие очекувања. Продавниците веќе не се само за купување на телефони и услуги, туку место за забава, дружење, шопинг, место на кое се добива вистинска поддршка и искуство. Со новиот концепт на продавници целта ни е да обезбедиме врвно корисничко искуство“, изјави Андреас Елснер, главниот извршен директор на Македонски Телеком.