Нов модел на работа – само осум дена во годината во канцеларија

26

Австралиската компанија за графички дизајн Canva го редефинира зборот “флексибилен“, со својот најнов модел на работа. Според Business Insider Australia, оваа популарна австралиска платформа за графички дизајн, основана во 2013 година и со седиште во Сиднеј, неодамна објави дека распоредот за работа на нивните вработени во канцеларијата ќе го одредат нивните независни тимови. Оваа промена значи дека вработените ќе имаат поголема контрола врз тоа колку дена поминуваат во канцеларијата.

Canva се движи кон помалку “строги барања“ кога станува збор за канцелариска работа и работа на далечина. Тие сега се фокусираат, како што рекоа, на “флексибилност за вработените и поврзаноста со нив“.

“Веруваме дека традиционалната канцелариска работа ќе стане исклучок кога станува збор за иднината на работата“,се наведува во соопштението на Canva.

Компанијата додаде дека пандемијата го докажа како неточно тврдењето дека работата е најдобра само на едно место, – во канцеларија.

Вработените ќе имаат слобода да одлучуваат кога ќе дојдат во канцеларија, но се очекува тие да го посетуваат најблиското седиште на Canva осум пати годишно.

Компанијата се одлучи за нов модел на работа откако спроведе интерно истражување. Истражувањето покажа дека 79% од вработените “се чувствуваат продуктивно кога работат од дома“. Околу 81% од вработените изразија желба да продолжат со комбинирање на работа од дома и во канцеларија.

Компанијата e една од највредните стартапи во светот. Според CB Insights, вредноста на компанијата од 40 милијарди долари ја прави петта највредна стартап компанија во светот, зад кинеската компанија BiteDance, која е сопственик на TikTok, платформата за плаќање Stripe, компанијата на Илон Маск, SpaceX и шведската финансиска технолошка компанија Klarna. Сето ова, исто така, ги става ко-основачите меѓу првите 10 најбогати луѓе во Австралија.