Нов производ на македонскиот пазар – Президент Млад Кајмак

31

c8b9e84b-f2fb-4ec9-90bd-a79c6db79559Млечната компанијата Лакталис (Lactalis) на македонскиот пазар го лансираше првиот вистински индустриски кајмак – Президент Млад Кајмак.

Карактеристично за овој уникатен млечен производ е тоа што има идентичен вкус како и домашниот кајмак.

Во продажната мрежа во Македонија, Президент Млад Кајмак е достапен во современо и практично пакување од 250 и 500 грама кое гарантирано ја чува свежината на производот.

Президент е еден од водечките брендови на најголемата светска млечна индустрија Лакталис кој обединува над 200 оригинални производи кои се пласираат на над 140 пазари ширум светот. Во палетата на Президент од неодамна се вброија и првите македонски сирења и кашкавали произведени во млекарницата Идеал Шипка од Битола.