Нов сајт ревакцинација.мк за пријава на оние кои се вакцинираа во Србија

Вакцинацијата во Македонија продолжува со исто темпо, а следната недела се очекуваат 20.000 вакцини донација од Грција и 50.000 од Бугарија.

Дополнително во јуни пристигнуваат вакцини преку Ковакс, но и кинески вакцини, па министерот Венко Филипче очекува вакцинацијата да продолжи со ова темпо, од околу 10.000 вакцинирани дневно.

“Отвораме уште еден сајт, ревакцинација.мк, на која ќе се пријавуваат граѓаните кои се вакцинираа во Србија, да можат да се пријават кај нас и да бидат ревакцинирани со AstraZeneca. Сепак, останува кај нас да се ревакцинираат само граѓани постари од 60 години“, појасни Филипче.