Нов серијал на Цевитана за обичните супер херои

125

cevitana

Цевитана, како еден од најдобрите брендови на Витаминка и воопшто една од најпрепознатливите трговски марки во Македонија, со своите две нови видео реклами продолжува да ја раскажува успешната приказна за обичните супер херои. Витаминскиот пијалак што е наменет за освежување на сите генерации го опишува херојството од секојдневието на обичните луѓе, кои консумирајќи го овој инстант пијалак во очите на своите роднини, пријатели и партнери изгледаат ништо помалку од вистински супер херои.

Новиот дизајн на пакување на Цевитана и неговиот иновативен изглед од силни и препознатливи бои што ја отсликуваат внатрешноста на производот, како и врвниот квалитет на вкусови од портокал, лимон и ананас што ги задоволуваат потребите од витамини во дневната исхрана, даваат дополнителна вредност во секојдневието на луѓето кои се справуваат со предизвиците што ги носи денот.

Цевитана е добитник на наградата Супербренд и со својот квалитет претставува еден од најпознатите македонски производи којшто низ годините и генерациите постепено расте, се развива и се трансформира во секојдневен пијалак соодветен на желбите и потребите на потрошувачите.