Нов шести циклус на Виртуелна берза

25

Од 15-ти ноември започнува новиот циклус на Виртуелна берза и истиот ќе трае до 30-ти јуни следната година, стои во соопштението на Македонска берза.

Учесниците во Виртуелната берза ќе имаат можност да ги испробаат своите вештини во виртуелното тргување со хартии од вредност и да стекнат практично искуство од вложување во акции што се тргуваат на Македонската берза.

Виртуелната берза е замислена како игра на знаење во која целта е остварување на што поголема вредност на портфолиото што се креира со купување и продажба на акциите што котираат на Македонската берза со виртуелни пари доделени со самата регистрација.

Повеќе детали за правилата за играта, условите за користење и наградите можат да се најдат на овој линк, а оние што сакаат да учествуваат можат да се регистрираат тука.