Нов состав на Управниот одбор на Штаермеркише Шпаркасе во Грац

61

oliver_saidlМандатот на извршните членови на Управниот одбор на Штаермеркише Шпаркасе во Грац истекува до крајот на месец мај 2019 година, додека М-р Франц Кербер ќе ја достигне законската старосна граница во мај 2019 година, од кога и ќе замине во пензија.

На седницата одржана на 28 март 2018 година, Надзорниот одбор на Штаермеркише Шпаркасе во Грац донесе одлука за новиот тим на Управниот одбор со важност од јуни 2019 година, стои во соопштението на банката.

Од јуни 2019 година, на постоечките членови на Управниот одбор на банката, Д-р Герхард Фабиш (извршен директор) и Д-р Георг Бухер (член на Управниот одбор), ќе им се приклучат два нови члена.

Новите членови на Управниот одбор во Грац се Д-р Оливер Крепфл и М-р Валбурга Зајдл. И двајцата се долгогодишни вработени во компанијата со екстензивно искуство и длабоко познавање на банкарската групација, како и извршувале менаџерски функции во изминатите години. Оливер Крепфл е правник и управува со Генералниот Секретаријат. Валбурга Зајдл е бизнис администратор и е одговорна за Секторт за Управување со стратегиски ризик.

Шпаркасе Банка Македонија ја продолжува својата работа со постојниот Управен одбор и органи на управување.