Нов станбен кредит со пет години фиксна каматна стапка од Охридска банка

26

stanben-kredit-3-2

Охридска банка Сосиете Женерал во своето кредитно портфолио воведува нов станбен кредит со пет години фиксна каматна стапка, стои во соопштението.

Со овој кредит, сите клиенти ќе може релаксирано да инвестираат во својот нов комфорен дом, користејќи го новиот Станбен кредит 3+2, којшто овозможува фиксна каматна стапка во првите пет години од отплатата на кредитот, и тоа, во првите три години каматната стапка е фиксна и изнесува 3,55%, а во четвртата и петата година е повторно фиксна и изнесува 4.55%.

По завршување на петтата година од отплатата на кредитот, каматната стапка е варијабилна и пресметана врз основа на шестмесечна стапка на Еурибор. Па така, за станбен кредит од 30.000 евра, со рок на отплата од 240 месеци, износот на фиксната месечна рата во првите три години ќе изнесува 181,67 евра, ратата во четвртата и петтата година ќе биде повторно фиксна и ќе изнесува 195,73 евра, а месечната рата по петтата година ќе изнесува 208,85 евра.

Сите клиенти кои ќе аплицираат за Станбен кредит 3+2, за време на промотивниот период што трае до 31.1.2018 година, ќе бидат ослободени од административните трошоци и трошоците за апликација.

Охридска банка Сосиете Женерал им овозможува на клиентите кои ќе аплицираат за Станбен кредит 3+2 да изберат помеѓу двата пакета за животно осигурување и тоа: основниот пакет за кредитно животно осигурување со осигурителна премија од 0,44% годишно од износот на кредитот и целосниот пакет за кредитно животно осигурување, со осигурителна премија од 0,85% годишно од износот на кредитот.