Нов тренд: Дали знаете што е „мека заштеда“?

131

Ново време, нови околности, а со тоа и нови навики
Повеќето луѓе имаат една, јасна цел: да работат напорно, да заштедат пари и да се пензионираат предвреме.

Тоа, барем, е планот што се обидуваат да го следат. Но, кај помладите работници сега сè почесто се појавува трендот на мекото штедење, што го доведува во прашање традиционалниот начин на размислување.

Меките заштеди се однесуваат на ставање помала сума пари настрана – за во иднина, и користење на повеќе од тие пари сега. Генерацијата Z – која го става искуството пред парите – го предводи таканаречениот бран на овој вид заштеди, пишува CNBC.

Од друга страна, тоа не е чудно со оглед на порастот на цените, но и начинот на живот на младите денес: тоа подразбира поголема удобност и желба за пониско ниво на стрес, додека приоритет се дава на личниот раст и менталното здравје.

Извештајот, исто така, покажа дека пристапот кон инвестирање и лични финансии на генерацијата Z – оние родени по 1997 година – е „помек“ во споредба со претходните децении. Ова значи дека помладите инвеститори ги вложуваат своите пари во приказни кои ги одразуваат нивните лични ставови.

Тие исто така бараат емотивна врска со брендовите и професионалците со кои ќе изберат да работат. Дополнително, тие имаат желба да се ослободат од рестриктивните финансиски ограничувања. Тројца од четири членови на Генерација Z велат дека повеќе би сакале да имаат подобар квалитет на живот отколку дополнителни пари во банката.