Коестлин, Мегле, Лура, СМС, Сирела, ППК Карловачка месна индустрија се само некои од фирмите чии производи веќе нема да стојат на полиците во продавниците во БиХ. Министерството за надворешна трговија и економски односи на БиХ воведе забрана за увоз на производи од повеќе хрватски компании се додека не ги исполнат стандардите за производство на Европската унија, пишува Вечерњи лист.
По забраната за увоз на месо, на новиот список се наоѓаат преку 45 хрватски компании на кои им е забранет извоз во БиХ.
Министерот за надворешна трговија и економски односи на БиХ, Мирко Шаровиќ уште претходно најави дека одлуката за забрана на увоз на одредени производи од Хрватска е логична по влегувањето на Хрватска во ЕУ. Од министерството тврдат дека од хрватските компании треба да се бара да ги исполнуваат сите услови на ЕУ при извоз, исто онака како што Хрватска го бара тоа од БиХ.
Властите ќе дозволат слободен увоз кога ќе бидат исполнети стандардите на ЕУ.