Нов Зеланд: Песок добиен од рециклирани шишиња за пиво

24

masina-za-pesok-od-sisinja

DB Export е производител на пиво од Нов Зеланд којшто ги рециклира искористените шишиња за производство на песок. Целта на оваа иновација е да се заштитат плажите во таа земја, пишува New Zealand Helard.

Жителите на Нов Зеланд го користат песокот за да градат патишта, цевководи и домови, со што предизвикуваат ерозија на крајбрежјето и нарушување на растителниот и животинскиот свет.

Секоја година 27% од стаклениот отпад завршува на депониите во земјата. Посебни машини за рециклирање, поставени во баровите, шишињата од пиво ќе ги трансформираат во песок. Машината има моќност од шишето да произведе 200 грама песок за само неколку секунди.