Нов Зеланд со закон ќе бара финансискиот сектор да информира колку влијаат на климатските промени

63

Нов Зеланд планира да стане прва земја во светот што со закон од банките, осигурителните компании и инвестиционите фондови ќе бара да информираат за тоа какво влијание врз климатските промени имаат нивните инвестиции, изјави министерот за климатски промени, Џејмс Шоу.

“Едноставно не можеме да дојдеме до нето нула емисија на јаглерод диоксид до 2050 година доколку финансискиот сектор не знае какво влијание имаат нивните инвестиции“, рекол Шоу.

Предлог законот што е претставен во парламентот, ќе бара од финансиските компании да објаснат како управуваат со климатските ризици и можности.

Околу 200 најголеми компании во земјата и неколку странски ќе бидат опфатени со законот.

Фото: Pexels