
Управата за јавни приходи ја објави Листата на должници бр.07/2026 за долгови доспеани до 31.03.2026 година и неплатени до 30.06.2026 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини, за кои вкупниот износ на долгот е:
повисок од 120.000 денари за физичките лица и самостојни вршители на дејност; и
повисок од 300.000 денари за правните лица.
На Листата на должници бр.07/2026 објавени се 2.007 должници – правни лица (повеќе за 66 од претходната листа) и 3.149 физички лица (повеќе за 32 од претходната листа).
Вкупно објавениот нето долг во Листата бр.06/2026 изнесува 13.076.222.055 денари, (повеќе за 162.229.651 денари од претходната листа). Нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 12.862.649.581 денари, (повеќе за 139.244.510 од претходната листа), додека долгот за царински давачки е 213.572.474 денари (повеќе за 22.985.141 од претходната листа).











