Нова експозитура на НЛБ Банка во Автокоманда

171

nova-ekspozitura-nlb

Фото: НЛБ Банка

НЛБ Банка АД Скопје ја прошири деловната мрежа со уште една експозитура во населба Автокоманда на улицата Јани Лукровски бр.2-1/1. Експозитурата го опслужува сегментот население и правните субјекти.

“Првите 50 клиенти во новата експозитура кои ќе аплицираат за Visa Classic или Mastercard Standard кредитна картичка ќе добијат бесплатна членарина за првата година, а првите 50 корисници на електронско банкарство за физички лица – НЛБ Клик, ќе добијат бесплатен НЛБ мТокен“, велат од банката.

Работното време на експозитурата е од понеделник до петок од 08 до 16 часот.

Деловната мрежа на НЛБ Банка во моментот ја сочинуваат 52 експозитури во Македонија, од кои 27 локации се во Скопје, а останатите се дисперзирани во другите градови на Македонија.