Нова експозитура на НЛБ Тутунска банка во Пробиштип

250

 

nlb-tutunska

НЛБ Тутунска банка ја прошири деловната мрежа со нова експозитура во Пробиштип, на улица Јордан Стојанов бр.2 (до хотелот Сан Нико). Експозитурата го опслужува сегментот население и правните субјекти.

Првите педесет клиенти во новата експозитура кои ќе аплицираат за кредитна картичка Visa Classic или MasterCard Standard ќе ја добијат бесплатно за првата година, а првите педесет корисници на електронско банкарство за физички лица – НЛБ Клик, ќе добијат бесплатен НЛБ мТокен.

НЛБ Тутунска банка во континуитет бележи пораст во банкарството на мало. Експозитурите располагаат со високостручен тим кој на клиентите ќе им ја образложи понудата на продукти и услуги од портфолиото на НЛБ Тутунска банка. Деловната мрежа на НЛБ Тутунска банка ја сочинуваат 50 експозитури во Македонија, од кои  25 локации се во Скопје, а останатите се дисперзирани во другите градови на Македонија.