Нова ера за хибридните автомобили – го напојуваат домот со струја

25

mitsubishi-outlander-phev

Хибридните автомобили го имаат предзнакот “зелени“, поради ниската емисија на штетни гасови и големата економичност.

Но, автомобилот Mitsubishi Outlander PHEV на хибриден погон отвора нова ера во автомобилската индустрија. Освен што може да се напојува со електрична енергија преку обичен штекер што се користи во домашни услови, овој автомобил може да ја враќа електричната енергија во домот.

Mitsubishi Outlander PHEV не е единствениот автомобил што нуди таква опција, но е прво возило во светот што доби сертификат за да се користи и за таа намена во Јапонија, пишува порталот Car advice.

За да може да се користи енергијата од хибридниот автомобил, потребно е да се исполнат одредени технички услови. Доколку Mitsubishi Outlander PHEV има 100% полна батерија, едно семејство може да го користи како извор на енергија еден ден, а со полн резервоар со гориво дури 10 дена. Оваа технолошка иновација е одлична во услови на катастрофа или пак за престој во природа.