Нова го организира 10-от хуманитарен семеен базар

23

nova uciliste

Меѓународното училиште Нова го организира 10-тото јубилејно издание на големиот хуманитарен семеен базар на којшто ќе се продава храна од различни страни на светот, книги, ракотворби, а ќе биде поставена и мала зоолошка градина.

Манифестацијата е закажана на 23 април (сабота) во 11 часот, а дел од собраните пари ќе бидат наменети за Државното училиште за деца и младинци со оштетен вид Димитар Влахов во Скопје.

Настанот е организиран од Здружението на родители на учениците во Нова. На настанот ќе бидат присутни повеќе амбасадори чиишто деца се школуваат во училиштето, а дел од нив ќе бидат задолжени и за подготовка и продажба на храната од земјата каде потекнуваат.