Нова можност за продажба на ОХИС

48

3198golemaМинистерот за економија Ваљон Сарачини идната среда ќе оствари средба со Синдикатот на ОХИС. Тој вчера изјави дека Владата останува на ставот, овој загубар конечно да добие стратегиски партнер и работи на тоа.

“На наредната владина седница ќе биде разгледана нова можност за продавање на ОХИС. Очекувам во наредниот период да се подготви тендерската документација и да се најде инвеститор, истакна Сарачини”, одговорајќи на новинарски прашања пред средбата со градоначалниците и бизнисмените од Северозападна Македонија.

Како што потенцираше министерот, процедурата за продажба не е едноставна, особено ако се земе в предвид социјалната димензија.

“Не е лесно да разговарате со инвеститор и да го замолите да ги задржи на работа сите вработени, особено во ОХИС каде што има вкупно 800 лица”, посочи Сарачини.

Тој додаде дека ОХИС не е без сопственик и дека Владата многу пати им излегуваше во пресрет и им помагаше на вработените.