Нова опрема за подобрување на условите за работа на М-Нав

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, денеска заедно со заменик министерот, Реџепи и државниот секретар, Трајчулески, оствари работна посета на АД Македонска навигација (М-Нав), каде заедно со менаџментот и со синдикатот при М-Нав извршија увид на новата опрема, чие поставување е во тек.

Со набавката на новата опрема за АД М-Нав дополнително се зголемува квалитетот на воздухопловната навигација и се подобруваат условите за работа на претпријатието.

„Драго ми е што она што го договоривме се реализира и на дело. Со набавката на новата опрема ја подобруваме воздухопловната навигација и обезбедуваме подобри услови за функционирање на М-Нав. Наша обврска е вработените да бидат задоволни, системот да функционира беспрекорно и услугите кои ги нуди оваа компанија да бидат на едно повисоко ниво. Сакам да потенцирам, продолжуваме со заеднички координации да работиме за целосно реализирање на превземените обврски од двете страни. “ – изјави министерот Бочварски при средбата со претставниците од менаџментот и синдикатот на М-Нав.

Средбата со раководството и со претставниците на Синдикатот при М-Нав е дел од заедничкиот договор на Министерството за транспорт и врски и М-Нав, со цел изнаоѓаме заеднички решенија за подобро функционирање на претпријатието.