Нова прогноза на Доктор Пропаст: Следи мајката на сите кризи

274

Нуриел Рубини, економистот познат како Доктор Пропаст, кој ја предвиде кризата во 2008 година,во нов напис за Proyect Syndicate најавува “стагфлациона криза на долг“.

Предвидувањата на Рубини треба да се прочитаат многу внимателно затоа што, како што напиша нобеловецот Пол Кругман, она што го напиша Рубини во 2005 и 2006 година “се чинеше претерано“.

Тезата на Рубини сега е како годините на стимулирање на фискалната и монетарната политика ја доведоа глобалната економија на линија на бавен воз, кој се движи кон комбинација на бавен економски раст и висока инфлација. Веќе видовме таква стагфлација, потсетува Рубини, во седумдесеттите години, но сега се соочуваме и со спирала на долгови, што ќе ги доведе централните банки во невозможна позиција.

Развиените земји и пазарите во развој влегуваат во непозната територија на бавен раст и висока инфлација во комбинација со екстремни нивоа на задолженост. Такво нешто не е забележано во современата економска историја затоа што, по правило, стагфлацијата не доаѓа со должничка криза.

За разлика од кризата од 2008 година, високото ниво на задолженост беше точка на пукање на меурот на пазарот на недвижнини, но придружната финансиска криза, односно распадот на кредитниот пазар, ја доведе економијата во насока на дефлација. Сега, со фискални и монетарни стимуланси, се создава инфлација и со огромно ниво на долг, особено јавен долг, се создава “мајка на стагфлаторни должнички кризи во годините што доаѓаат“, напиша Рубини.

Според Рубини, стимулативните фискални и монетарни политики ќе продолжат да ги надувуваат имотните и кредитните меури.

Предупредувачките знаци во овој момент се повеќе од очигледни: многу високи стапки на цени и заработка на акции, премии со низок ризик, надуени вредности на куќи и технолошки средства, ирационален оптимизам кон т.н. SPAC компании (special purpose acquisition companies), раст на крипто-секторот, корпоративни долгови со висок принос, должнички обврски, “меме акции“, шпекулативно тргување со акции на дневна основа…

Според него, ова ќе продолжи и во одреден момент ќе доведе до непосредно губење на довербата на пазарите и централните банки ќе бидат принудени да се заостри, па следи колапс.

Политиките што ја стимулираат инфлацијата и создаваат предуслови за стагфлација ја прават економијата изложена на негативни шокови во понудата.

Како што растат јавните и приватните долгови, економиите веќе ќе бидат заробени во долгови. Иако инфлацијата расте, централните банки се плашат да ги заостри каматните стапки за да не ни се случи низа банкроти. Сето ова, нагласува Рубини, доведува до инфлација и длабока стагфлација.

Рубини заклучува дека нивоата на задолженост сега се околу трипати повисоки отколку пред 50 години, а реакцијата на инфлацијата може да доведе до економска депресија, односно до многу тешка форма на рецесија.

Фото: Pixabay