Нова промена на светскиот пазар на „црното злато“

68

Цената на нафтата од утрово бележи благ пад. Вредноста на барелот на лондонскиот пазар од утринава изнесува 115 долари, а на американскиот 109 долари, што е намалување за околу 3 отсто во однос на вчерашниот ден.

Пред речиси две недели, цената на нафтата забележа суми под 100 долари за барел, но минатата недела беше забележан постепен пораст на цените на „црното злато“.

Информациите за серијата самити меѓу владите на Европската унија и американскиот претседател Џо Бајден со цел да се зајакне одговорот на Западот кон Москва поради нападот врз Украина придонесе за ова ново движење и растот на цените, при што ЕУ, меѓу другото, размислува и за воведување забрана за увоз на нафта од Русија.