Нова промотивна понуда за станбен кредит од Охридска банка Сосиете Женерал

22

Plan za stan 2030 (1)

Охридска банка Сосиете Женерал го збогатува своето портфолио на производи со нова промоција, овозможувајќи им на своите клиенти уште поповолни услови за користење на станбените кредити; најдолго гарантирана фиксна каматна стапка; промотивна намалена каматна стапка за првите три години, притоа обезбедувајќи највисоко ниво на транспарентност и сигурност за клиентите на кои им е потребен кредит за недвижности.

Новата промоција се однесува на актуелниот План за стан со гарантирана фиксна каматна стапка до 2030, којшто е наменски кредит за купување, реновирање и изградба на недвижен имот. Промоцијата нуди фиксна каматна стапка до 2030-та година којашто изнесува 3,90% за првите три години и 5,95% фиксна каматна стапка од четвртата до 14-тата година. Клиентите кои во промотивниот период, до 10-ти февруари 2017 година, ќе аплицираат за опцијата План за стан со гарантирана фиксна каматна стапка до 2030 ќе бидат ослободени од банкарските трошоци: административен трошок, трошок за апликација и трошок за проценка на имот.

“Во април, Охридска банка Сосиете Женерал го претстави концептот План за стан воведувајќи, за прв пат на пазарот, станбен кредит со гарантирана фиксна каматна стапка за првите 10 години. Истата е одлично прифатена од страна на нашите клиенти и препознаена и од институциите во државата. Со новата промотивна понуда План за стан со гарантирана фиксна каматна стапка до 2030 година одлучивме да отидеме чекор понапред во однос на квалитетот на понудата, обезбедувајќи уште поголема сигурност за клиентите на кои им е потребен кредит за недвижности”, изјави Стефан Туати, член на Управниот одбор на Охридска банка Сосиете Женерал, кој раководи со секторот банкарство за население и маркетинг.

Како банка која нуди и услуги за животно осигурување, Охридска банка Сосиете Женерал им овозможува на клиентите кои ќе аплицираат за станбениот кредит План за стан да изберат помеѓу двата пакета за животно осигурување и тоа: основниот пакет за кредитно животно осигурување со осигурителна премија од 0,44% годишно од износот на кредитот и целосниот пакет за кредитно животно осигурување со осигурителна премија од 0,85% годишно од износот на кредитот.

Со промоцијата, клиентите на Охридска банка Сосиете Женерал се сигурни и точно ја знаат висината на ратата. Така, на пример, за станбен кредит со кредитно животно осигурување во износ од 30.000 евра и со рок на отплата од 240 месеци, месечната рата во првите три години изнесува 187 евра, а од четвртата до четиринаесеттата година e загарантирана да биде 217 евра месечно.