Битолската компанија Nova Solutions со апликацијата Farmarket го освои второто место на натпреварот на светскиот бренд Ericsson за најдобра мобилна апликација.
Farmarket е иновативно решение кое ги поврзува семејствата, компаниите и рестораните со локалните фармери, обезбедувајќи едноставна нарачка на свежи прехранбени производи. Бизнис потенцијалот на апликацијата е голем, бидејќи може да функционира во целиот свет.
Ericsson applications award е награда која се доделува во две главни категории – за студенти и за компании. Годинава натпреварот беше на тема Апликации за работниот век, а наградените апликации беа избрани според критериумите бизнис потенцијал, иновативно решение и техничка функционалност.
Nova Solutions работи во полето на веб маркетингот и е една од водечките компании за социјални медиуми во Македонија. Главни услуги на компанијата се изработка и водење на веб страници и интернет маркетинг кампањи. Во 2013 година беше прогласена за најдобар нов бизнис на манифестацијата Најуспешни битолчани.