Нова студија најавува трансформирање на пластичниот отпад во корисна енергија

22

Најновата студија на Earth Engineering Center од Колеџот во Њујорк вели дека пластичните отпадоци наместо да се фрлаат по депонии или да го загадуваат океанот, ефективно може да се пренасочат како корисни горива и енергија, пишува Inhabitat.

Истражувачите утврдиле дека ако се додаде необновлива пластика во хемиски обновлив процес како гасификаија, може да се произведе гориво базирано на нафта. Гасификацијата претставува процес во кој се користи воздух или пареа за да се загреат пластични отпадоци. Ова резултира со создавање на мешавини на индустриски гас т.н. синтетички гас или сингас, кој понатаму може да биде претворен или во дизел и бензин или да изгори директно со цел да ослободи електрична енергија.

Гасификацијата е исто така добра и за квалитетот на воздухот, бидејќи произведува прилично пониски нивоа на сулфур и азотен оксид во атмосферата.

Овој процес се претпочита повеќе од уништување на пластични отпадоци бидејќи овозможува и складирање на потенцијалната корисна енергија која инаку би се потрошила со уништување.

На овој начин не само што ќе се намали загадувањето со пластика, туку ќе се намали и емисијата на штетните гасови, кои се испуштаат како резултат традиционалните методи за отстранување на пластичниот отпад, каквишто се инсенерација или депонирање.

Фото:Pixabay