Нова ТВ и ПОП ТВ ќе се продаваат во пакет

79

Поради реструктуирањето во работењето и се послабите резултати и очекувања, Central European Media Enterprises (CME) до крајот на годината ќе ги продаде своите удели во хрватската национална телевизија Нова ТВ и во словенечката ПОП ТВ, која ја има и програмата Канал А, пишува business.hr.

Продажбата ќе оди во пакет, а цената, неофицијално, ќе се движи од 150 до 200 милиони долари.

CME го објави финансискиот извештај за првите три квартали од годинава. Нето приходите на групата, во која припаѓаат и овие две телевизии, во третиот квартал изнесувале 140,1 милиони долари, што е пад во однос на истиот период минатата година, кога имале 165,5 милиони долари приход.

Загубата во работењето во третиот квартал изнесува 18,4 милиони долари, што е значително повеќе од истиот период лани, кога групата загуби 12,9 милиони долари.

Вкупната загуба на CME група во првите три квартали изнесува 49,6 милиони долари.