Нова услуга за корисниците на Вип – Купи онлајн

23

vip

Следејќи ја својата определба за поголема достапност на производите и услугите, Вип ја претставува услугата Купи Онлајн, која на корисниците ќе им овозможи да ги купуваат производите и услугите од интерес во било кое време, каде и да се.

Купувањето во интернет продавницата на Вип е брзо и ефикасно, а на располагање на корисниците им се речиси сите услуги кои се достапни и во продажните центри на Вип.

Оттука, на менито Купи онлајн корисниците можат да склучат нов или да го обноват својот постоечки постпејд договор, да набават припејд пакети за користење на припејд услугите на Вип, да купат мобилни телефони и друга терминална опрема (припејд картички, интернет стикови итн.) од актуелната понуда на Вип, како и останати услуги, или пак директно со одбирање на производите и услугите во Советникот за телефони кои се означени со знакот кошничка.

“Ми претставува особено задоволство што ја отвораме нашата интернет продавница, продажен канал кој ја проширува нашата продажна мрежа и уште повеќе ги доближува производите и услугите на Вип до корисниците. Заедно со 21 Вип центар и над 60 партнерски продавници ширум земјата каде корисниците можат да ги набават нашите производи и услуги, од сега тие ќе имаат 24-часовен пристап до нашите производи и услуги и истите ќе можат да ги купат преку нивниот компјутер, каде и да се на брз и едноставен начин. Остануваме целосно посветени на нашиот приоритет број еден – нашите корисници и исполнување на нашето ветување Повеќе за Вас“, изјави Гернот Раш, главен маркетинг директор на Вип.

По одбирањето на саканиот производ/услуга со пополнување на формите за купување, нарачката ќе биде процесирана од страна на Вип по што корисникот во најкус можен рок ќе биде исконтактиран од страна на продажен агент на Вип со што ќе се потврди нарачката и ќе обезбеди понтамошни насоки во однос на плаќањето на купениот производ/услуга и ќе се договори испораката.

Плаќањето на интернет продавницата може да се изврши само со платежна картичка и тоа со платежни картички од брендот на MasterCard и VISA, како и со платежните картички на домашните банки. Процесот на плаќање и корисничките податоци се целосно безбедносно заштитени.

Доставата на производите купени од интернет продавницата на Вип е достапна и бесплатна за целата територија на Македонија.